Јункер му најави битка на Орбан ако воведе смртна казна во Унгарија

Од:

Ако намерата на Виктор Орбан е да воведе смртна казна во Унгарија, која е земја-членка на Европската унија, тогаш ќе имаме борба!

Ова е заканата што претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска ја испрати кон премиерот на Унгарија, а во врска со официјалниот предлог на партијата Фиедс, која е владејачка во унгарската држава и чиј челник е претседателот на Владата на Унгарија, за воведување на смртна казна за најтешките претстапници на законот, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Не треба да дискутираме за очигледни работи. Ние сме силни противници на смртната казна од многу причини. Повелбата за основни права на Европската унија ја забранува смртната казна и господинот Орбан треба итно да расчисти и да докаже дека ова не е негова интенција. А, ако тоа е негова интенција, тогаш ќе има борба – отворено се закани Јункер.

Иако е единствен премиер на ЕУ-земја со двотретинска поддршка во националниот парламент, односно со јасна поддршка од народот, премиерот на Унгарија, Орбан е неомилен во ЕУ поради неговата тврда национална политика и влечење на потези во интерес на унгарскиот народ, од кои повеќето не се во интерес на Брисел.

Денешната закана на првиот човек на Еврокомисијата кон премиер на една земја-членка на Унијат е прва од ваков вид и се очекува да ги влоши и онака нестабилните односи на релација Будимпешта – Брисел.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп