ЛДП: Слободноумните граѓани да продолжат во битката за исполнување на своите права

Од:

Либерелно-демократската партија ги охрабрува средношколците, студентите, професорите, хонораците и сите слободноумни граѓани да продолжат во битката за исполнување на своите права.

„Ние стoиме со Вас на браникот на поддршката и солидарноста!

Контунуираните протести покажуваат дека народот не ги прифаќа политиките на оваа забегана власт, која што носи закони по мерка на фамилијата. Тоа врхушката на ДПМНЕ го покажа со грабежот на државниот имот , со посакуваните плацеви на Водно, но и со класичната злоупотреба на законот за контрола на комуникациите.

На оваа власт не им е важно мислењето и гласот на сопствениот народ, па се однесуваат како окупациска власт .

Законите не се носат по кабинети и зад затворени врати. За донесување на спроведливи и одржливи законски мерки потребен е процес на консултации и дијалог со оние за кои тие се однесуваат.

Чујте го гласот на народот и одете си што поскоро. Во овој темен вилает само преодна влада може да го врати демократскиот поредок“, се вели во соопштението на ЛДП.

 

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа