Романот „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски е најчитано дело од македонски автор на е-библиотеката во земјава, востановена од Фондацијата „Македоника“.
Во периодот од минатогодишниот саем на книгата во Скопје, до годинашното издание на оваа манифестација, според показателите на Фондацијата „Македоника“, романот на Веле Смилевски има 8.900 читатели. Од современите македонски писатели во категоријата на белетристички дела на е-библиотеката на „Македоника“ меѓу најчитаните се и книгите на Дејан Дуковски, Луан Старова, Joван Стрезовски, Матеја Матевски и Александар Прокопиев.
Фондацијата „Македоника“ на престојниот Саем на книгата во Скопје на пригодна свеченост на писателот Веле Смилевски ќе му предаде Плакета за најчитан автор меѓу два саема.
Романот „Полицајка в кревет“ Веле Смилевски го објави во 2012 година и до сега доживеа три печатени изданија. Минатата година романот беше промовиран и на е-библиотеката „Македоника“, каде може бесплатно да се чита www.makedonika.mk/
Деновиве Веле Смилевски го објави и романот „Дневникот на полицајката“ кој, според издавачот „Дијалог“, е втор дел од трилогијата „Полицајка в кревет“.