Со име слика и адреса, осудените педофили од денеска веќе се објавени на инернет. Засега ги има ги има 100, меѓу нив и неколку жени, но набрзо се очекува нивниот број да порасне бидејќи бидејќи се чека правосилност на пресудите за уште десетина педофили.
Во регистарот тие ке останат најмалку 10 години, по што, ако не го повторат делото ќе може да бидат избришани. Сепак, статистиката покажува дека педофилијата останува најчестото повторувано кривично дело. Регистерот е достапен до целата јавност.
Се пребарува и по име и по место на живеење. И покрај обвинувањата дека вака се крши законот за заштита на на личните податоци на осудениците, Министерот за труд социјална политика, Спиро Ристовски истакнува дека ова е единствен начин да заштита на децата. Сепак појаснува секоја злоупотрeба на регистарот ќе биде казнета.
Само изминатата седмица беа приведени неколку педофили. 60-годишен охриѓанец се самозадоволувал пред две десетгодишни девојчиња. Директор на училиште од Демир Капија сексуално злоставувал две малолетни момчиња.
И покрај постојаните предупредувања бројот на педофили во Македонија постојано расте.
Надлежните се надеваат дека со јавното објавување на осудениците бројката на злоставувани деца ќе биде намалена.
Регистерот на педофили е достапен на сајтот www.registarnapedofili.mk
Јасмина Јакимова