Таксистите уште денеска можат да се пријават за полагање англиски

Од:

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека денеска завршува рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите авто такси возачи.

Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта [email protected] или во Архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството за транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Од Министерството апелираат сите авто такси возачи кои не поднеле пријава тоа да го сторат во текот на денешниот ден со цел да го запазат рокот.

Согласно Законот за патен сообраќај, како што се наведува во соопштението, сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

– Авто такси возачите нема да имаат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании, се наведува во соопштението.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објавено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Прескапо таксито во Загреб – за 7 километри и наплати 110 евра

А1он

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Таксистите бараат Град Скопје да го реши хаосот со такси превозот

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска