Фатах ал Сиси ветува избори до крајот на годината

Од:

Претседателот на Египет Абдул Фатах ал Сиси вети дека парламентарни избори ќе има до крајот на годината и уверува дека осуетил можност за граѓанска војна која според него, би нанела ужасни штети на Европа.

– Што се однесува до изборите, давам збор дека ќе се одржат до крајот на годината, изјави Ал Сиси за шпанскиот Мундо во интервју објавено ден пред тој да пристигне во официјална посета на државата.

Ал Сиси стана претседател во мај лани откако беше соборен од власт Мохамед Морси.

– Соочен сум со тешки одлуки: улогата ми е да гарантирам живот и безбедност на 90 милиони Египќани пред ризокот од хаос. Ако дозволат секој да прави што сака, Европа ли ќе плаќа за платите на Египќаните? Не ме судете без да ја имате предвид реалноста, вели тој.

– Ако таа држава се распадне, тоа ќе нанесе ужасни штети за Европа и регионот ќе биде осуден на сиромаштија. Египет не е Ирак, ниту Сирија ниту Јемен, држави со по 20 милиони жители. Ние сме 90 милиони. Се обидувам да не дојде ситуација за која би жалел. Египет е поблиску до демократија бидејќи постои политичка волја, вели претседателот на најмногубројната арапска држава.

Најмалку 1.400 сипатизери на Морси беа убиени при репресијата на властите по неговото соборување. Над 15.000 негови симпатизери се во затвор, а стотици се осудени на смрт. Во интервјуто, Ал Сиси не одговара на прашањето за судбината на Морси кој беше осуден на 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина