Првиот човек на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) Кирсан Иљумжинов предложи шаховското натпреварување да биде вклучено во Зимските олимписки игри.
– Шахот многу добро би се вклопил во Зимските олимписки игри, изјави Иљумжинов.
ФИДЕ е членка на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и пред 20 години побара прием на Летните олимписки игри, но тоа барање досега не беше разгледано.
Со оглед на должината на чекање за прием на ЛОИ, Иљумжинов верува дека подобра идеја е да се влезе во Зимски олимписки игри.
Пекинг е фаворит за добивање на организацијата на ЗОИ 2022 година, а единствен противкандидат му е Алмати, Казахстан.
Шаховската Олимпијада е најпрестижното натпреварување во овој спорт, се одржува на две години, последната беше лани во Норвешка.