Собир посветен на 95-годишнината од раѓањето на Славко Јаневски

Од:

Собир посветен на 95-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Славко Јаневски ќе се одржи денеска во Друштвото на писателите на Македонија.

На собирот во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ДПМ, ќе се обратат Маја Јакимовска Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература и Веле Смилевски, претседател на ДПМ. За книжевниот опус на Славко Јаневски ќе зборуваат Наташа Аврамовска, Лорета Георгиевска Јаковлева и Мишел Павловски.

Славко Јаневски е еден од најмаркантните писатели во современата македонска литература, со основоположнички димензии и со високи естетски вредности. Како поет, раскажувач, романсиер и сценарист, Јаневски зад себе остави богат и разновиден опус вграден во клучните фази од развојот на македонската литература во втората половина на ХХ век.

Славко Јаневски (1920-2000) беше еден од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија и во еден мандат, негов претседател. Беше член на Македонската академија на науките и уметностите и на Македонскиот ПЕН центар.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска