Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје денеска ќе се одржи првото издание на Меѓународниот фестивал „Големи и мали деца“.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат омажи за Видое Подгорец и Томе Арсовски, а ќе бидат врачени и наградите „Големиот принц“ и „Малиот принц“, односно „Малата принцеза“.
Добитник на наградата „Големиот принц“ е македонскиот писател Александар Поповски, а наградата „Малиот принц“, односно „Малата принцеза“ е наменета за младите автори.
На фестивалот ќе настапат поголем број писатели кои пишуваат за деца и млади, а ќе бидат претставени илустрациите за деца и млади на академиските ликовни уметници Стојче и Емилија Тоциновски.