Во Софија почнаа Деновите на младата македонска проза

Од:

Со изложба на книги и со трибина на која учествуваа млади белетристи, издавачи и преведувачи од Македонија и Бугарија започнаа „Деновите на младата македонска проза” во Софија.

На трибината, која ја отворија Нове Цветаноски од име на книгоиздателството „Македоника литера“ и Васко Шутаров од име на домаќинот на настанот КИЦ на Р. Македонија во Софија, се дебатираше за динамизирање на книжевната соработка меѓу двете земји, стимулирање на преведувањето и мерките што македонското Министерство за култура ги превзема на тој план. На трибината учествуваа младите македонски автори Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Верче Карафилоска, Михајло Свигерски, Живко Гроздановски, Дарко Стојановски и Петар Андоновски.

На покана на книгоиздателството на софискиот Универзитет, младите македонски писатели учествуваа и на поетско читање на кое беа претставени млади бугарски поети, а свое претставување имаше Јулијана Величковска.

Во рамки на манифестацијата што се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, во следните два дена, меѓу другото, ќе бидат остварени и посети на асоцијации, издавачи и други институции.

За вторник вечер е предвидена програма на која младите македонски автори ќе бидат претставени пред софиската публика и ќе бидат читани фрагменти од нивното творештво.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска