Снупи и Чарли Браун повторно на големот екран

Од:

Омилениот стрип од Чарлс М.Шулц, со минималистички дизајн и со едноставни ликови со чисти срца, се враќа во кината – „Снупи и Чарли Браун – Филм за кикиритките“, публиката ќе може да го гледа од 5 ноември.

Како што соопшти МегаКомФилм, поминаа 15 години откако Шулц почина, а 35 години од кога Холивуд последен пат направи игран филм со неговите стрип јунаци.

Денес речиси секоја анимација се креира на компјутери, мал број млади луѓе читаат стрипови, а публиката очекува да види сложени визуелни ефекти, брза акција и ѕвезди на филмот.

Поради тоа изненадувачки е тоа што новата верзија на филмот вратена е на табла за цртање за да ја прикаже сржта и уметноста на самиот творец, пренесува Танјуг. Речиси 75 отсто од анимацијата на новиот филм за Снупи и Чарли Браун е завршено.

Членовите на Шулц семејство неодамна отркија зошто после толку години отпор, одлучиле да направат нов компјутерски -анимиран филм во режија на Стив Мартин во Блу Скај студио, недалеку од масата за цртање во студио изградено од дрва, каде Шулц го правеше својот стрип секој ден користејќи туш и Естербрук налив перо.

Како и многу други одлуки кои Шулц ги носел во однос наСнупи во својот живот, инспирација за филмот била дел од семејната динамика, дел од работата и дел од филозофијата.

– Секогаш имавме нешто што ги спојува родителите и децата додека децата се уште се мали, пред да можат да читат. Но, тоа го изгубивме. Сфатвме дека ни недостасува тој период… Се се случува така брзо и луѓето секогаш преминуваат на нови работи. Тука се работи за зачувување на населедството со огромна историја и со тоа не треба да се игра, рече  Џини, вдовица на Чарлс Шулц.

Како што додаде таа, одговорност е да се пренесе искуство така што овие ликови да не се променат, туку само да станат нови слики на она што е убаво во нив веќе 50 години.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска

Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

Ана Ололовска

Украинска НВО: „Маша и Медо“ ја загрозува безбедноста на Украина

Ана Ололовска