Неизбежна е потребата од нов Устав, смета претседателот на турскиот Уставен суд

Од:

Турција има потреба од нов Устав и сите партии вклучени во неговото составување треба да ги обмислат нивните барања и да постигнат консензус, изјави денеска новиот претседател на Уставниот суд Зухту Арслан, цитиран од ТАСС.

– На нивото на економски и политички развој што го достигна нашата земја новиот Устав се покажува како неизбежна потреба, посочи Арслан, обраќајќи се кон членовите на Уставниот суд, кон претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.

Претседателот на Уставниот суд ова го изјави во говорот по  повод 53-годишнината од формирањето на судот, посочува ТАСС.

Арслан, исто така, истакна дека Уставот не е „волшебно стапче“ и за добро да работи неопходни се „ искусни коментатори и извршители“.

Тој ја подвлече важноста од почитување на демократските права и слободи на граѓаните и на задолжителниот принцип на независност на судскиот систем, а истовремено оцени дека без помошта на другите органи на државната власт судскиот систем самостојно нема да реши ниту еден проблем.

Подготовката на новиот Устав е еден од стратегиските проекти на владеачката Партија на правдата и развојот. на ова прашање се работеше повеќе од 1,5 година. Во парламентарната комисија за изработка на проектот за нов Устав беа усогласени повеќе од 60 членови, но работата на комисијата беше прекината заради неможноста за постигнување консензус со опозицијата.

Според одговорни претставници на Партијата на правдата и развојот, по парламентарните избори на 7 јуни партијата има намера активно да ја обнови активноста за изработка на новиот Устав.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ