Адвокатите на Марк Басељ Јусеф, авторот на филмот „Невиност на муслиманите, тврдат дека филмот не е причина за насилството во Египет и Либија.
Тоа велат, го докажува и последниот извештај на Стејт департментот и Белата куќа.
Адвокатот Крис Вилијамс, изјави дека нападите, како оној во Бенгази во кои е убиен американскиот амбасадор Крис Стивен, биле порано планирани, и дека филмот тоа не го предизвикал.
Јусеф е во притвор, но не поради филмот, туку поради кршење на претходната пресуда за условна затворска казна за банкарска измама.
Со пресудата му беше забрането 5 години да не користи компјутер и интернет. Со пресудата беше утврдено дека Јусеф, кој тогаш се викал Накула, презел идентитет на повеќе лица и подигал пари во нивно име.
Неколку глумци од филмот најавија дека ќе го тужат, затоа што сменил делови од филмот и дека не им кажал што ќе биде темата.