Седници на три собраниски комсии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа по Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2015 година и Предлог на одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2015 година што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување го наплатува  од пензиските друштва.

На дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во прво читање и годишните извештаи за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година и на работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

Законодавно правната комисија ќе расправа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во прво читање.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба