Долгогодишниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, лидер на владината партија „Нур Отан“, извојува уште една убедлива победа на предвремените претседателски избори, освојувајќи 97,7 проценти од гласовите, покажуваат првичните резултати на Централната изборна комисија, пренесе ТАСС.
Официјалните резултати од вчерашното гласање ќе бидат познати по обработката на сите изборни извештаи. Според казахстанското законодавство, тоа треба да се случи најдоцна до 3 мај.
Кандидатот на Комунистичката народна партија Тургун Сиздиков освои 1,6 проценти, а третиот претендент, независниот кандидати претседател на Федерацијата на синдикатите, Абелгази Кусаинов, освои 0,7 проценти.
За 74-годишниот Назарбаев, кој со Казахстан раководи над 25 години, толку високото ниво на изборна поддршка и не е некое изнанедување, забележува руската агенција. На првите општи избори во 1991 година тој освои 98,7 проценти од гласовите, во 2005 – 91,15 проценти, а во 2011 година над 95 проценти.
Според првичните податоци на ЦИК, избирачката излезеност изнесувала 95,22 проценти.