Најмалку 10 луѓе загинаа во Акра, главен град на Гана кога карго авион имаше проблеми при полетувањето и удри во патнички автобус полн со патници.
Авионот, како што говорат сведоци, ја пробил заштитната ограда на аеродромот и удрил во автобусот, при што усмрти најмалку 10 лица.
Официјалните лица од аеродромот одбија да даваат било какви коментари.