Ѓоковиќ: Сон ми е да завршам факултет

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека има голема желба да заврши факултет и да стекне универзитетско образование.

„Поради тенисот не можев редовно да се образувам, како повеќето мои врсници во Србија“, рече Новак.

Вториот тенисер на светот нагласи деку училишните денови и одењето на факултет е вреден период во животот на секој млад човек. 25-годишниот Ѓоковиќ течно зборува англиски, германски и италијански јазик и вели дека неговиот талент за странски јазици е нешто што му е вродено.

„Морате да имате талент, а тоа се раѓа и едноставно не може да се научи. И двајцата мои браќа исто така одлично зборат неколку странски јазици. Тоа изгледа ни е фамилијарно“, вели Новак и додава дека е добро што во основните училишта во Србија децата мораат да учат два странски јазици.

„Мене задолжителен ми беше англискиот, а германскиот го одбрав како втор јазик“, објаснува тенисерот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех