Притвор за две лица осомничени за разбојништво

Од:

Единицата за општ криминал-Отсек за разбојиштва во СВР Скопје до надлежното Основното Јавно обвинителство-Скопје во два одвоени случаи поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, Л.А. (34) осомничен за сторени три кривични дела „разбојништво“ и С.Е. (25) осомничен за едно кривично дело „разбојништво“.

Од страна на Судија на претходна постапка на Л.А. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а на С.Е. мерка притовор во траење од осум дена.

МВР денеска соопшти дека во првиот случај Л.А. кривичните дела ги извршил во временскиот период од 06 до 14 овој месец, во вечерните часови и тоа едно на подрачје на Центар и две на подрачје на Карпош при што се стекнал со противправна имотна корист во висина од околу 31.450 денари. Првото и второто кривично дело разбојништво ги извршил во аптеките „Еурофарм -Хипократ“ на ул.„50 Дивизија“ и „Зегин“ на ул.„Теодосиј Гологанов“, на тој начин што влегол во аптеките со нож во раката и заканувајќи им се на вработените по нивните живот им ги земал парите од касите.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!