Над 20 илјади лица се вклучија во опозицискиот митинг на Демократската партија во Белград со барање за оставка на премиерот на Србија Александар Вучиќ поради, како што тврдат, неуспехот на неговата Влада да ја заживее економијата.
– Ги имаме најлошите економски показатели во регионот, изјави лидерот на Демократската партија Бојан Пајтиќ пред учесниците на митингот наречен „Да ја осветлиме Србија“.
Демонстрантите одржаа протестен марш по улиците ан Белград до зградата на Владата.
Според организаторите на митингот на централниот плоштад „Република“ учествувале 30 илјади лица, а според проценките на полицијата околу 20 илјади.
Српската прогресивна партија на Вучиќ освои 158 од 250 места во Парламентот на изборите пред 13 месеци.