Ердоган со критика до државите, кои го признале ерменскиот геноцид

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика денеска до лидерите на земјите, кои го признале убиството на Ерменците од османлиските Турци во 1925 година како геноцид.

Ердоган ги обвини Франција, Германија, Русија и Австрија, чии лидери или парламенти неодамна ги означија убиствата како геноцид, дека го поддржуваат тврдењето, засновано на „ерменските лаги“.

Тој ги обвини исто така и САД дека застанале на страната на Ерменија и покрај тоа што претседателот Барак Обама се воздржа од користење на терминот геноцид во годишната порака во врска со трагедијата.

– Потребно е тие најпрво едни по едни да ги исчистат своите дамки во историјата, рече Ердоган.

Вчера беше одбележана стогодишнината од масовното убиство на Ерменците во 1915 година во Отоманската империја. Историчарите оценуваат дека се убиени 1,5 милиони Ерменци и ова е означено како првиот геноцид на 20. век. Турција тврди дека дека бројот на жертвите е значително помал и оти не станува збор за геноцид.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ