Американскиот „Крал на недвижностите” на вработените им порача: Ако победи Обама, ви следи отказ!

Од:

Милионерот Дејвид Сигел, основач и директор на “Vestgejt rizorts”, им испратил e-mail на вработените предупредувајќи ги дека би можеле да бидат отпуштени, ако Барак Обама биде повторно избран за претседател на САД.

“Ако на мене или на мојата компанија и бидат наметнати нови даноци, како што сегашниот претседател планира, ќе немам друг избор освен да го намалам бројот на вработени во компанијата”, напишал Сигел.

Ова не е прв пат американскиот “крал на недвижности” Отворено да ставИ до знаење на која страна се неговите симпатии во изборите во САД.

Тој во документарниот филм “Кралицата на Версај”, ВО кој беше забележана изградбата на неговата куќа (најголема во Америка), изјави дека е “лично одговорен” за победата на Џорџ Буш на изборите во 2000 година.

Додаде дека неговата тактика за поддршка на Буш “можеби не била сосема легална”…

Сигеловиот пример го следат и некои други богати луѓе во САД. Газдата на енергетската компанија “Marej Enerdži” Боб Мареј, наводно вршел притисок на своите вработени да гласаат на претстојните избори за Мит Ромни.

Вработените од неговата компанија го обвинија дека ги принудувал да одат на митинзи за поддршка на Ромни, дел од својата плата да дадат за неговата кампања, и дека биле заплашувани со разрешување ако не го сторат тоа.

И Ричард Лекс, шеф на компанијата за производство на автомобилски делови “Lex enterprajzis” вршел притисок врз своите вработени да гласаат за Ромни “, бидејќи уште четири години со Обама би довеле до даночни зголемувања и намалување на платите.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски