Екстремно високо ниво на радијација е откриено на игралиште во Токио, поради што е затворен еден забавен парк, соопштија локалните власти.
Земјата под тобоганот во паркот во северозападниот дел на јапонскиот главен град е радиоактивна, а нивото на радијација достигнува 480 микросиверти на час.
Властите за ваквата појава биле запознати по пријава од жителите. Тие сметаат дека загадувањето на земјиштето во паркот не е поврзана со несреќата во нуклеарната центарала Фукушима.
– Радиоактивноста е детектирана само во ограничена област и затоа постои сомнеж дека е закопан некаков радиоактивен материјал, изјави градоначалникот на Токио, Јукио Такано.