Комеморација во Галиполе по повод 100-годишнината од битката во Првата светска војна

Од:

Дваесетина политички лидери и високи претставници од светот,се собраа денеска во Галиполе,во западниот,европски дел на Турција,за да присуствуваат на комеморацијата по повод 100-годишнината од битката во Првата светска војна,меѓу силите на западната алијанса и војската на тогашната Отоманска Империја.

Покрај турскиот претседател,Реџеп Таип Ердоган,на комеморацијата учествуваат и британскиот престолонаследник,принцот Чарлс,неговиот помлад син,принцот Хари,како и премиерите на Австралија,Тони Абот и на Нов Зеланд, Џон Ки.

Битката кај Галиполе,на тесниот полуостров покрај брегот на Мраморното Море,се смета за една од најкрвавите во Првата светска војна,во која на двете страни загинаа околу 141 илјада војници.

Борбите почнаа во април 1915 година,со поморска и копнена инвазија на сојузниците,на галиполскиот полуостров,со намера да се скрши отпорот на отоманските војници и од таму да се продолжи кон Константинопол (денес Истанбул) и за да се освои.

Сојузниците наидоа на неочекувано силен отпор на војниците на Империјата,предводени од командантот Мустафа Кемал,подоцна познат како Ататурк и како оснивач на современа Турција.

Борбите на Галиполе траеја осум месеци,се до јануари 1916 година,кога сојузничките војски се повлекоа,не успевајќи да навлезат подлабоко на територијата на Отоманската Империја,повеќе од десетина километри.

Во оваа неуспешна операција,учествуваа 350 илјади британски војници,79 илјади Французи,74 илјади војници од Австралија и Нов Зеланд кои прв пат беа вклучени во една меѓународна воена операција како независни држави,како и војнци од Индија,од Њу Фаундленд и од британските и француските домининони и колонии.Наспротив нив,во одбраната на оваа битка,беа 400 илјади отомански војници.

Вкупно 86 илјади отомански војници загинаа, или умреа од повредите при војувањата,како и 55 илјади сојузнички војници,од кои најмногу (35 илјади) Британци.

Учесниците на денешната комеморација полагаат венци и цвеќиња на споменикот во Галиполе и на гробиштата на загинатите војнци,а воени бродови од земјите учеснички во битката,испукаа почесни истрели како почит за сите жртви.

На комеморацијата нема ниту еден преживеани борци од галиполската битка,но допатуваа голем број нивни потомци,од Велика Британија и Франција,како и од Австралија и Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ