Победи по продолженија за Голден Стејт и Чикаго во НБА плеј офот

Од:

Екипите на Голден Стејт и на Чикаго постигнаа победи по продолженија на ноќешните дуели од плеј офот во НБА лигата, а доминацијата на гостите ја комплетираше и Кливленд со нов триумф. По овие дуели овие три екипи имаат предност од 3-0 во добиени натпревари и се наоѓаат на една победа од пласман во конференциското полуфинале.

Голден Стејт уште еднаш благодарение на Стефен Кари стигна до победата. Бекот на Голден Стејт најпрвин постигна тројка за изедначување во регулраниот дел 108:108, а натпреварот го заврши со 40 поени. Голден Стејт славеше по продолжение со 123:109. Триумф по две продолженија постигна и Чикаго на гости кај Милвоки 113:106, откако беше нерешено 95:95 (регуларен дел) и 101:101(прво продолжение). Дерик Роуз со 34 поени беше најзаслужниот за победата на „биковите“. Кливленд се радуваше на победа на теренот на Бостон со 103:95, а Леброн Џејмс постигна 31 поен и 11 скокови.

Вечерва се играат дуелите: Далас – Хјустон (0-2 во победи), Вашингтон – Торонто (2-0) и Сан Антонио – ЛА Клиперс (1-1).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on