Ердоган: Османлиската империја никогаш не извршила геноцид

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Османлиската империја никогаш не извршила геноцид, пренесоа американските медиуми.

Ердоган изјавата ја даде во предвечерието на одбележувањето на стогодишнината од геноцидот, што според Ерменија е извршен во оваа земја предвесничка на современа Турција.

Во својот говор што го оддржа на „Самитот на мирот“ во Турција Ердоган, исто така, ги обвини европските земји за безидејност во однос на бегалците и дека сакаат мигрантите да се дават во море.

Меѓу странските државници кои присуствуваа на денешниот настан, што се оддржа по повод стогодишнината од битката кај Галиполи во текот на Првата светска војна, беа британскиот принц Чарлс и премиерите на Австралија и Нов Зеланд.

-Ерменските тврдења за настаните од 1915 година се без основа, рече Ердоган.

Според оценки на историчарите, осмалиските Турци убиле околу 1,5 милион Ерменци, што претставува настан кој многумина го сметаат за првиот геноцид во 20-от век.

Турција постојано негира дека во тој период бил извршен геноцид врз Ерменците.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ