На аеродром во САД уапсен патник со цел арсенал оружје

Од:

На аеродромот во Лос Анџелес е уапсен еден 28-годишен маж, кој допатувал од Азија, откако било откриено дека бил облечен во панцирно одело и носел мала колекција на оружје, вклучувајќи и димна бомба, соопштија официјални лица.

Jongda Huang Haris, натурализиран американски државјанин од кинеско потекло, ќе биде обвинет за носење опасни материјали откако беше задржан од граничните власти во петокот на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Харис, кој неодамна живеел во Токио и патувал во Бостон имал на себе, под мантилот, панцирна јакна и панталони отпорни на пожар, соопшти Царината на САД и Службата за имиграција.

Со дополнителна контрола на неговите работи беше пронајдена “пиротехничка димна граната”, заедно со секира, ножеви, заштитна маска, комбинезон за биохемиска заштита и телесни кеси”.

Агентите исто така во неговиот багаж пронашле три со кожа пресвлечени пендраци, расклопливи палки, респиратор и апарат за водење на кучиња.

Харис е обвинет дека “намерно или небрежно носел димна граната во неговиот багаж на летот од Кансаи во Јапонија, преку Инчеон во Јужна Кореја до Лос Анџелес.”

Екипата за бомби со рентгенски зраци ја испита димната граната и утврди дека уредот потпаѓа под регулативите на ОН за превоз на експлозивни материи, што значи дека е забрането нејзино внесување во патнички авиони.

Пред да биде темелно претресен Харис на цариниците им признал дека има само нож во неговиот багаж и не сакал да ја дополни својата претходна изјава, пренесе АФП.

Претставник на меѓународниот аеродром Кансаи во Осака, рече дека биле контактирани од страна на американските власти за патникот и додаде дека тој долетал од Кина и дека бил на поминување, и дека не откриле ништо сомнително.

Харис треба да се појави пред судот во вторник и може да биде осуден на пет години затвор.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски