Најголемото филмско студио во поранешна Југославија -„Авала филм“ продадено за осум милиони евра

Од:

Најголемото филмско студио во поранешна Југославија- „Авала филм“ денеска е продадено на конзорциумот „Филм веј“ (Film way) за 980 милиони динари (8,2 милиони евра), соопшти сајтот „Нови магазин“.

„Филм веј“ беше единствениот учесник на тендерот за продажба на студиото, кое веќе четири години е во стечај. Поради недостигот на конкуренти филмското студио е продадено по првично објавената цена.

Според српските медиуми, зад конзорциумот стои француски и американски капитал, но и некои банки подготвени да инвестираат во филмот.

Пред Српската агенција за приватизација, каде денеска беше отворен тендерот, се собраа околу 50-тина филмски работници, незадоволни од продажбата на „Авала филм“, а студенти од факултетите за уметност организираа перформанс.

По повод протестите против продажбата на студиото министерот за култура, Иван Тасовац, во изјава за телевизијата „N1“ кажа дека „овој српски Холивуд не работи уште од 1989 година“ и дека затоа треба да се направи разлика меѓу приватизација и процедура за неоддржливост.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он