По инцидентот во Гошинце, ДОМ повикува на одговорно однесување од сите во државата, особено, како што се потенцира во денешното соопштение, од носителите на највисоките функции во институциите и партиите.
– ДОМ го осудува настанот и го смета за опасен, независно кој стои зад него. Од институциите бараме брзо разјаснување на случајот, за да се тргнат маглите и шпекулациите околу извршителите, организаторите и мотивите на инцидентот, по што ќе се гарантира стабилноста на Република Македонија и безбедноста на граѓаните, се вели во соопштението од ДОМ.
Од партијата апелираат сите граѓани да се воздржат од учество во потпалување меѓуграѓански тензии и да избегнуваат говор на омраза.