Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе во Брисел во средата на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент изјави дека Европската комисија предлага Кандидатски статус на Албанија, со одредени условувања.
Филе поднесувајќи го извештајот за прогресот на Албанија, рече дека земјата ќе добие условен кандидатски статус, бидејки треба да ги доврши започнатите реформи во сферата на правниот систем, јавната администрација, парламентарните реформи и борбата против корупцијата.
Официјална Тирана треба да ги реализира сите потребни реформи, нагласи Филе.