Тренерот на НБА-лигашот Атланта Мајк Баденхолцер е избран за најдобар оваа сезона, откако го предводеше тимот до клупскиот рекорд од 60 победи и 22 порази.
Тој доби 67 од можните 130 гласови и со 513 бодови стигна до признанието пред колегата од Голден Стејт, Стив Кер (471 поен), кој го предводеше најдобриот тим во лигата.
Баденхолцер 19 години беше дел од Сан Антонио, две како видео координатор и 17 како помошник на легендарниот тренер Грег Попович.
Атланта под негово водство во лигашкиот дел од НБА сезоната го имаше шестиот најдобар напад и седмата најдобра одбрана. Тимот врза рекордни 19 победи во низа, а исто така се првата НБА екипа која имала скор 17-0 во еден месец и серија од 33-1 во нешто помалку од три месеци.