Кери: Оваа година може да биде пронајдено решение за кипарското прашање

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е крјано време да се пронајде решение за кипарското прашање и додаде оти е потребно тоа да се случи во рамки на преговарачкиот процес меѓу двете заедници на островот, кои ќе се водат оваа година.

Кери пред средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Стејт департментот истакна дека кипарскиот проблем останал без решение долг временски период.

Проблемот бара меѓународни напори за да биде постигнато трајно решение, изјави американскиот државен секретар, кој изрази надеж дека двете страни на Кипар можат да постигнат вистински и траен напредок уште оваа година.

Турскиот министер за надворешни работи додаде дека Вашингтон може да одигра голема улога во решавањето на кипарското прашање.

– Ние сакаме да постигнеме трајно решение во Кипар, се надеваме дека до тоа решение ќе стигнеме уште оваа година, очекуваме тоа да се случи на преговарачката маса, рече Чавушоглу.

Тој додаде дека преговорите за островот се очекува да бидат обновени по претседателските избори во Северен Кипар, кој е признат единствено од Турција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја