Филмови за планинско трчање во кино Фросина

Од:

Во киното „Фросина“ денеска ќе се одржи вториот видео фестивал за планинско трчање „Луѓе како нас“ на кој ќе бидат презентирани 12 филма посветени на овој вид трчање.

Фестивалот е можност сите заинтересирани да последат кратки или нешто подолги филмови кои се однесуваат на трчањето во природа пред се по неасфалтирани патеки, мали шумски и планински патеки, дури и на терен без патеки.

Покрај презентацијата на филмовите, во рамки на фестивалот ќе се одржи и дебата на вечерта на тема „Каде се движи планинското трчање?” на која ќе учествува ултрамаратонката од Србија, Тања Стојановски.

Луѓе како нас програма

Фестивалот го организира „ЕХО – фестивал за планински филм“, ПСД Макпетрол и организацијата за промоција на планинското трчање ТРЕКС со поддршка на Алгасан.

Организаторите посочуваат дека во последните години овој тип на спорт и рекреација добива огромен број на приврзаници од повеќе причини пред се поради почистиот воздух, директниот контакт со природата, соочувањето со себе и со своите стравови и граници и нивно пробивање и надминување, како и поради дружењето и меѓусебното помагање. Растојанијата што се трчаат може да бидат од неколку километри до неколку стотици километри, а на оние места каде што е премногу стрмно, не се трча туку се оди, но генерално секој се труди да трча што е можно поголем дел од патеката.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он