Петмина турски работници се ранети денеска при експлозија за време на изградба на вештачко езеро во југоисточна Турција, јави турската агенција Доган.
Експлозијата се случила утринава во реон на градот Силван, во округот Дијарбекир. Вкупно 30 работници биле на местото на експлозијата.
Повредените работици се префрлени во болница.
Почната е истрага за причините кои довеле до инцидентот.
Во Турција често се случуваат инциденти на работното место. Оваа земја се наоѓа на трето место во светот според смртноста на работните места, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот.