Украдени 19.700 евра и злато од куќа во Дебар

Од:

Украдени се 19.700 евра и златен накит од куќа во Дебар, сопственост на Б.И. (48).

Според Министерството за внатрешни работи, кражбата е пријавена вчера во Полициската станица „Дебар“.

Пријавено е дека во периодот од јануари до април годинава непознат сторител со прекачување и насилно отворање прозорец влегол во куќата од каде одзел 19.700 евра и златен накит.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи