Нови 300.000 евра за промоција на Македонија на Гугл

Од:

Со прегоравње без претходно објавување оглас, Македонија за реклама на Гугл ќе му плати нови 300.000 евра.

„Набавка на услуги за промоција на Република Македонија на веб порталот Google“, стои на објавениот договор на страната на бирото за јавни набавки.

Оправданост на изборот нa постапката со преговарање без претходно објавување оглас:

„Кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права (патенти и сл.), договорот може да го изврши само одреден економски оператор“

Договорот е случен на 30. март годинава и е со период на важност од една година.

Фирмата „Google Ireland Ltd“ со седиште на „1st & 2nd Floors Gordon House, Barrow Street“ во Даблин, Ирска е носител на договорот вреден 18.450.000 денари или 300.000 евра.

Лани владата на Гугл му плати половина милион евра за рекламирање на Македонија. Тогаш договорот беше склучен со преставникот на Гугл во Хрватска.

Освен на Гугл, владата трошеше пари и за рекламирање на Македонија на светскиот телевизиски сервис СиЕнЕн. За изработка на промотивните спотови се потрошија над 600.000 евра без да се вклучат и цените за закупот на рекламниот простор.

Би можело да ве интересира

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

A1on

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

Продажбата на реклами на Гугл му донесе на Алфабет рекордна заработка во третиот квартал

Ана Ололовска

Компанијата-мајка на Гугл има најдолг период на раст на вредноста на акциите од 2009 година

Ана Ололовска

Италија го казни Гугл со над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Пандемијата драстично ги зголеми приходите на Гугл остварени од дигитално рекламирање

Ана Ололовска