Обама во блага предност во Охајо

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама води со четири отсто во однос на својот ривал Мит Ромни во Охајо, една од неопределените држави од кои ќе зависи исходот на изборите.

Според истражувањето на CNN, спроведено од 5. до 8. октомври за Обама би гласале 51% од бирачите, а за Ромни 47%.

Охајо дава 18 електорски гласови кога се бира претседател. Претходните истражувања, спроведени пред дебатата, му даваа на Обама предност од 7 до 10%, така што сега таа разлика е намалена.

Новото истражување покажа голема поделеност помеѓу мажите и жените. Ромни има предност од 14% кај машките бирачи, додека Обама води со дури 22% кај жените.

Мртва трка се води кога се во прашање независните бирачи, оние кои живеат во предградијата и постарите гласачи. Малку поинакви резултати денеска изнесе Американската истражувачка група, според кои Ромни води со 48 спроти 47% во Охајо.

Оваа американска држава се смета за одлучувачка кога се гласа и за кого нејзините бирачи ќе се определат, во најголем број случаи станува и претседател на Америка. Така во 2004-та година во Охајо победи Џорџ Буш и со тоа го доби вториот мандат, додека во 2008-ма победата ја однесе Обама.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски