Еден 14-годишник упаднал денеска во средно училиште во Барселона и од самострел уби професор и повреди уште најмалку четири лица, објавија шпански медиуми.
Според весникот Мундо, детето било подоцна приведено од полицијата. Меѓу повредените се една професорка и три ученици.
Сведоци тврдат дека детето директно влегло во својата училница и таму пукало од самострел во професорката и нејзината ќерка која е исто така ученичка во школото кои се повредени. Професор од соседната училница упаднал да го спречи нападот и тогаш 14-годишниот ученик пукал и во него и го убил.