Првомајска затворена за сообраќај од Чешма до Стара рампа

Од:

Градот Скопје,ги известува граѓаните дека на 11-ти октомври, во четврток ќе се изведуваат градежни активности на улицата „Борис Трајковски” (поранешна улица „Првомајска”), на потегот од крстосницата со улица „Иван Козаров” до Стара рампа.

При изведување на градежните активностите, на претходно наведената делница ќе има целосен прекин на сообраќајот, а истиот ќе биде пренасочен, и тоа во насока кон Драчево ќе бидат пренасочен по улица .„Антон Попов”, улица „Димо Хаџи Димов “, улица „Народни херои”, додека во обратна насока кон Центар, сообраќајот ќе биде пренасочен по улиците „Народни херои”, „Димо Хаџи Димов ” и „Антон Попов”.

Автобусите кои го опслужуваат јавниот градски превоз на линиите со бр.„4″,„4-А”ќе бидат пренасочени по улиците „Антон Попов”, „Димо Хаџи Димов и „Народни херои” .

Во насока кон Драчево, автобусите,„41″,„31″,„51″,„51-А”,„58″,„67″„70″,„74″ и „73″ ќе бидат пренасочени по булеварите „Никола Карев”, „3-та македонска бригада” и „Србија”.

Во обратна насока, односно од Кисела Вода (Усје) кон Центар автобусите на автобуските линии со бр. „4″ и „4-А” ќе ја користат трасат по улиците „Народни Херои”, „Димо Хаџи Димов” и „Антон Попов”, додека автобусите кои ги опслужуваат останатите автобуски линии на тој дел од градот и тоа: „41″,„31″,„51″, „51-А”,„58″,„67″„70″,„74″ и „73″ ќе бидат пренасочени по булеварите „Србија”, „3-та македонска бригада” и „Никола Карев” и продолжуваат во Транспортен Центар.

За време на изменетиот режим на сообраќај, скопските градски власти упатуваат молба до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски