ЕУ со анализа за испраќање воени бродови близу брегот на Либија

Од:

Европската унија анализира дали да испрати воени бродови до брегот на Либија за борба со шверцот на нафта и оружје, но стравуваат дека тоа може да предизвика поголем број имигранти преку море да преземат обиди за префрлање во Европа.

Во документ од Унијата се формулирани стравувањата на Европа дека спасување поголем број луѓе може да биде стимул на криминални банди да испраќаат поголем број луѓе во небезбедни бродови.

Во документот има предупредување дека военоморска мисија на ЕУ може да се претвори во фактор на ризик од упатување кон Европа на поголем број имигранти. Таков вид мисија е една од варијантите предложени од експерти на ЕУ во службата на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност за поддршка на евентуална влада на национално единство во Либија.

Дипломати од ЕУ тврдат дека во блиска иднина не е веројатно да биде преземена таква мисија. Варијантите ќе се разгледуваат од министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург. Главна тема ќе биде новата трагедија со бегалците во Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он