На патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин поради појава на свлечиште. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на патиштата низ земјата се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.