Кривична за двајца скопјани поради измама

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(41) и Г.Б.(46) двајцата од Скопје, вработени во Друштво за производство и услуги од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Како што соопшти денеска МВР, пријавените во својство на лица кои вршат јавни овластувања со цел да се стекнат со противправна имотна корист, вршејќи шпедитерски услуги за Друштвото за производство, трговија и услуги од Скопје, довеле во заблуда лица кои се јавуваат во својство на сопственици во друштвото, на сопствена штета да исплатат парични средства во износ од 300 евра, со образложение дека тие се парична награда наводно побарана од царинскиот службеник кој бил задолжен за царинење на увезената стока, за да го прифати постојниот износ на царинската фактура.

Имено, оштетените лица, сопственици на Друштвото за производство, трговија и услуги, кое се занимава со увоз на спортска опрема на 23 декември минатата година се обратиле кај пријавениот Ј.Ј. за царинење на контингент на увезена спортска опрема од Италија за која била платена царина според издадената фактура од фирмата извозник на опремата. Но и покрај тоа што биле платени сите царински давачки оштетените не можеле да ја подигнат робата од царинскиот склад од причина што на 29-ти истот месец околу 16 часот на оштетениот телефонски му се јавил првопријавениот, при што му пренел дека наводно царинскиот работник кој вршел царинење на робата кажал дека Друштвото ќе треба да доплати 100.000 денари за царина за робата бидејќи се сомневал во вистинитоста на износот на фактурата, односно дека тој би требало да биде многу повисок и доколку оштетениот не го доплати бараниот износ за царина ќе бил изготвен Записник во кој ќе било наведено дека се сомнева во веродостојноста на цените во фактурата.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена