Екипите на Хјустон и Чикаго ги забележаа првите победи на стартот од плејофот во кошаркарската НБА лига.
На средбите одиграни ноќеска, Хјустон го првиот меч од четвртфиналето на „Истокот’’ го совлада Далас со 118:108 и поведе со 1:0 во победи.
До водство од 1:0 во победи дојде и тимот на Чикаго кој беше подобар од Милвоки со 103:91, во дуел од западната конференција.
Потсетување дека плејофот стартуваше, вчера со два натпревари во кои Вашингтон како гостин го совлада Торонто со 93:86, а најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Голден Стејт 106:99 го порази Њу Орлеанс.
Вечерва на програмата се нови две средби и тоа од источната конференција. Од 21 часот, по македонско време, ќе започне натпреварот меѓу Кливленд – Бостон, додека Атланта на Перо Антиќ пред својата публика го пречекува Бруклин во меч чиј почеток е закажан за 23 часот и 30 минути.
Последните два пара од првата рунда на плејофот ги сочинуваат, Портланд – Мемфис и Хјустон – Далас, а првите средби ќе се играат во понеделник наутро.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат екипите кои ќе остварат четири победи.