Дачиќ: Со доаѓањето на Тачи би ја прекршиле државната политика

Од:

Кога би дозволиле Хашим Тачи да дојде во Белград во својство на министер за надворешни работи на Косово, би ја прекршиле државната политика кога станува збор за Косово, изјави првиот потпретседател на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

– Овој обид Хашим Тачи да дојде во Белград – тоа не е помирување. Тоа е обид да се проба дали ние смееме да кажеме „ не можеш“. Па не можеш во овој формат, на ваков начин, не можеш да дојдеш во Србија, порача Дачиќ во интервјуто за „Политика“.

Тачи, со уште четворица министри од регионот, е повикан на собир за европските интеграции на Западен Балкан, кој од 23 до 25 април ќе биде одржан во Белград, соопшти претходно организаторот на собирот, невладината организација Младински одбор за образование.

Српските функционери истакнуваат дека евентуалната посета на Тачи не е усогласена со институциите, оти е непотребна и дека доколку дојде, со оглед на се уште активното обвинение против него, ќе биде уапсен.

Дачиќ смета дека намерата на НВА да организира конференција на 24 април во Белград е провокација.

– Ова е една провокација, каде вистинското прашање е зошто воопшто се одрганизира еден таков собир. Апсолутно никој не ме консултираше околу тоа и морам да кажам дека повикот за настанот во Белград мене ми стаса од Приштина, додаде Дачиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници