Неидентификувани лица отворија оган врз седиштето на прокурдската Демократска партија на народите во Анкара, соопшти претставник на партијата, дополнувајќи дека во нападот нема повредени.
Напаѓачите пукале со ловечка пушка од автомобил кон седиштето на партијата во 04.05 часот утринава, изјави претставникот на партијата, кој побарал анонимност, пренесува БТА.
Обезбедувањето на зградата одговориле на огнот и напаѓачите избегале.
Пратеникот од ДПН Сири Сјуреја Ондер на Твитер нападот го оквалификува како „провокација” во периодот пред парламентарните избори на 7 јуни.
„Провокацiite продолжуваат. Ние нема да отстапиме “, истакна тој.
Турската влада исто го осуди нападот. “Валкани раце влегуваат во играта во периодот на избори и се обидуваат да создадат провокативна атмосфера “, изјави турскиот вицепремиер Јалцин Акдоган за агенцијата Анадолија.
– Ние секогаш го осудуваме тероризмот, од каде и да доаѓа и каква и да е неговата цел, додаде Акдоган.
Демократската партија на народите има за цел да ја надмине бариерата од 10 проценти и да влезе во турскиот парламент на изборите на 7 јуни. Според испитувањето на јавното мислење, поддршка за оваа партија е околу 10 проценти. Ако ДПН успее да влезе во парламентот, тоа ќе ја лиши владејачката Партија на правдата и развојот од квалификувано мнозинство, со што е можно да бидат осуетени нејзините напори за промена на уставот со цел воведување на претседателски систем.