Грабеж во аптека во Тетово

Од:

Штета од околу 32.000 денари била причинета при разбојништвото што синоќа околу 19 часот и 40 минути било извршено во аптеката „Виталек“, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, информираше Маријан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Според информациите од аптекарката Ј.Ј. (26), во аптеката влегло непознато лице облечено во црна облека со качулка на главата, темни очила и плетени црни ракавици кое извадило пиштол од појасот и и се заканило да му ги даде сите пари или ќе ја убие. По тоа се доближил до неа.

Исплашена, таа извадила од касата 23.000 денари и ги фрлила на подот, по што непознатиот ги собрал и и го одзел нејзиниот мобилен телефон. Потоа ја фатил за рака и ја втрунал кон тоалетот барајќи и уште пари, по што таа од својот паричник му дала уште 470 денари, колку што имала. Непознатиот со рачката од пиштолот ја удрил по главата и избегал, по што таа го пријавила случајот.

Полицијата извршила увид, подигнала траги за вештачење и интензивно работи на пронаоѓање на разбојникот.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски