Претседателите на Словенија, Австрија и Хрватска, Борут Пахор, Хајнц Фишер и Колинда Грабар-Китаровиќ на вчерашната неформална средба во словенечкото место Логарска Долина се заложија за продолжување на процесот на проширување на ЕУ.
Како што јави Хрватската телевизија (ХТВ), главни теми на трилатералната средба биле регионалната соработка, заедничката европска иднина и меѓународните предизвици.
На заедничката-прес конференција по средбата, Пахор нагласи дека Брисел треба да го забрза процесот на проширување на ЕУ и на него не треба да се гледа како на технички проблем, туку да му се посвети поголемо политичко внимание.
Хравтската преседателка исто така се заложи за продолжување на процесот на проширување на ЕУ, но нагалси дека кандидатите за членство ќе треба да ги исполнат сите критериуми пред да бидат примени во Унијата.
Тројцата шефови на држави најавија и дека во јуни во Црна Гора ќе биде организирана средба на лидерите на земјите од западниот Балкан, на која се поканети и австрискиот претседател Фишер и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.