Договор за полициска соработка меѓу Македонија и Словенија

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Будва, Црна Гора во пресрет на денешната Конференција на министри за правда и внатрешни работи и партнерите на Брдо процесот и Процесот за соработка во ЈИЕ, оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Словенија Весна Гјеркеш Жнидар, на која беше потпишан Договорот меѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија за полициска соработка.

Со склучување на Договорот за полициска соработка, двете министерства за внатрешни работи дополнително ја зацврстуваат соработката во однос на спречување на опасност и осигурување јавна безбедност, во поглед на јавниот ред и сообраќајната безбедност.

Како што денеска соопшти МВР, соработката дополнително ќе се зацврсти и за спречување, откривање и спроведување на истраги за кривични дела, специфично во полето на организиран криминал, тероризам, трговија со луѓе и нелегална миграција, компјутерски криминал, незаконска трговија со недозволени дроги, психотропни супстанци и прекурсори, како и други кривични дела од меѓународен карактер, особено потврдувајќи ги заедничките заложби за борба против тероризмот во пресрет на денешната Конференција на министрите за правда и внатрешни работи и партнерите на Брдо процесот и Процесот за соработка во ЈИЕ.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена