Сопственик на куче во Романија првпат е осуден на казна затвор откако неговиот ротвајлер каснал дете во 2009 година.
Мажот од градот Клуж осуден е на шест месеци затвор, откако Апелацискиот суд во Клуж ја отфрли неговата жалба и го прогласи виновен за нанесување на телесни повреди.
На 17 јануари 2009 година ротвајлерот касна едно дете за главата. По инцидентот детето било лекувано десетина денови.
Сопственикот на кучето обврзан е да плати и парична казна од 200.000 леи (околу 44.000 евра) за нанесување на морална штета.