Голема чистка во турската полиција – 1.150 полициски началници се испратени во пензија

Од:

По стапувањето во сила на спорниот Закон за внатрешна безбедност, кој беше усвоен во Парламентот по бурните дискусии, почна голема чистка во турската полиција, пишува весникот „Хуриет“.

На седница на Високиот полициски совет под претседателство на началникот на полицијата Мехмет Џелалетин Лекесиз, која почна во понеделникот, донесена е одлука за испраќање во пензија на 1.1150 од 1.725 полициски началници од прв степен.

На седницата, која ќе трае и денеска се очекува да биде донесена одлука за пензионирање на вкупно 3.500 полициски началници.

Според извори од полицијата пензионираните полициски началници во најголем дел биле поврзани со т.н. „паралелна структура“, термин кој го користи власта за приврзаниците на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, кое се инфилтрирало во државните органи со цел да изготви заговор против Владата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ