Делови од Скопје и Скопско утре без струја

Од:

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат делови од булеварот „Партизански одреди“, улицата „Тодор Чангов“, селата Кучевиште, Побожје, Сингелиќ и Арачиновски пат.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8 до 9 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр.95, а од 9 до 10 часот корисниците од улицата „Тодор Чангов“ бр.21, 23 и 25.

Во периодот од 9:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Кучевиште, а до 15 часот улицата „2“ во село Побожје. Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од Чучер и дел од корисниците од Сандево, како и улиците „Мишко Михајловиќ“, „Томе Томшиќ“ и „Боте Боцевски“ во Кисела Вода.

Според соопштението, без струја од 10 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Сингелиќ, Арачиновски пат-Хангари.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час